ЗАБАВАПОСЛЕДНИ

Дали флертувањето е изневерување?

Да се гледате со некого во очи со дозирана насмевка на лицето, да дозволите моментот да трае  – дали тоа е флерт? А, што е со размена на коментарите на социјалните мрежи, на Фејсбук и Инстаграм..

Дали флертувањето се дефинира како состојба во која сте сексуално привлечени од некој друг, на крај дали е некоја форма на изневерување?

Ова е прашање кое постојано се поставува од страна на многу луѓе, според податоците на Google Trends. А дебатата се однесува на социјалните мрежи.

Едни велат дека е еден вид изневерување, а други сметаат дека нема ништо опасно. Трети, пак се јасни во ставот дека кога имаш партнер, треба очите да се држат затворени.

Што се однесува до стручниот одговор на ова прашање, советник за врски, во изјава за The Independent на оваа тема вели:

„Никогаш не можам да кажам дека флертот е изневерување. Само ако се почне со задна намера да премине во нешто друго или пак ако скриено се прави тоа, во тој случај настанува предавството и може да наштети. Ако пак флертот се задржи на разговор и повремени ‘закачки’ со некого, во тој случај нема ништо страшно. Можете само да уживате без никакви проблеми“.

Се додека се почитуваат границите во однесување, нема зошто едниот или другиот да чувствуваат вина. Во секој случај, секогаш едниот може да се повлече во оној момент кога ќе почувствува дека се надминуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button