Даути продолжува да ја извршува својата должност

Пратеничката Илире Даути продолжува да ја извршува својата должност како претседател на Комисијата, иако против неа беше изгласана интерпелација. Интерпелацијата, според деловникот, не значи автоматско разрешување, туку нејзиното разрешување од функцијата треба да се врши во сосема посебна постапка, преку комисијата за избори и именувања. Оваа комисија сè уште нема добиено известување од претседателот на Собранието Гаши, дека против Даути е изгласана интерпелација и заклучок.
Со неиспратеното известување од страна на Гаши, за СДСМ претставува доказ дека целата постапка за одобрување на законот за бранители е попречена од самиот Гаши, а не од Илире Даути. Според пратеникот Оливер Спасовски, самото гласање за интерпелација не остава простор за толкување според нечија волја.
Подносителите на интерпелацијата „Левица“ се изненадени од одлуката на Гаши да не испрати известување до комисијата за избори и именувања. Тие ја повикуваат Даути да се повлече, а ако не го стори тоа во рок од неколку дена, ќе предложат нејзино разрешување.
Претходниот ден, претседателот на Собранието Африм Гаши најави дека во овој процес, неговата улога како претседател на Собранието е завршена и тој повеќе нема да се занимава со политички толкувања. За разрешувањето на Даути, рече дека е постапка целосно сама по себе. Гаши не го коментираше барањето на Даути за укинување на заклучокот од интерпелацијата, со цел да продолжи да биде претседател на Собранието. Иако нема конечно решение, се очекува комисијата да биде предводена од заменик-претседателот на комисијата, кој исто така доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците. Од оваа партија не кажаа дали и кого ќе предложат наместо Даути, ако биде разрешена.
Зекирија Хаџиу