ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дебата за ребаланс на буџетот, обвинувања меѓу власта и опозицијата

Низа меѓусебни обвинувања за тоа која власт како сработела си разменија пратениците од власта и опозицијата на комисијата за финансирање и буџет. Последниот ден од општата расправа, пред да почнат да се разгледуваат поднесените амандмани, дебатата за ребалансот ја заменија со процедурални забелешки и меѓусебни обвинувања. За власта во годините кога владееле ВМРО- ДПМНЕ граѓаните биле во најтешка криза.

Advertisements

„Вие не помагате на оваа држава вие во вашето владеење апсолутно ништо не направивте за оваа државата. Еве нека излезе еден од вас нека каже што направивте, во тоа време 2013 и 2014 година сте земале кредити за да градите непотребни и непродуктивни работи, невработеноста била 33 проценти и дефицитот бил најголем е тоа сте правеле“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

За опозицијата кризата во која сега се наоѓа државата е одлика на лошото владеење во изминативе години на СДСМ.

„Вие сте типичен човек и типично семејство од кое што обичниот народ бега од оваа држава. Со дрва и камења против претходната влада ама вие како човек сте се вработиле во време на ВМРО ДПМНЕ, и градоначалникот ви дал решение. Еве за вас нама криза сѐ е добро Владата е супер“, вели Љупчо Пренџов, пратеник на ГРОМ.

Од понеделник се очекува пратениците да почнат со расправата за поднесените 204 амандмани за ребалансот. Меѓу поднесените амандмани се наоѓа и барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите во администрацијата за 2.800 денари. Од ребалансот на буџетот зависат и новите најавени мерки за помош на граѓаните и стопанството за кој Владата најави дека ќе се донесат по неговото усвојување во Собранието.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button