ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Демократско движење: „Тортура на граѓаните за нови лични документи“
Демократско движење: „Тортура на граѓаните за нови лични документи“
Демократското движење реагира на долгите чекања за лични документи. Според оваа партија, состојбата е хаотична, а граѓаните доживуваат вистински кошмар. „Проблемите со термините, долгите редици, несоодветните и нималку достоинствени капацитети за граѓаните кои доживуваат многу маки, се само дел од проблемите кои бараат решенија, а се грубо запоставени од надлежните органи. Условот за замена на сите документи не е вина на граѓаните, кои освен што ќе ја доживеат оваа тортура на екстремни жештини, треба да издвојат и значителни средства од семејниот буџет кој веќе стана симбол на сиромаштијата“, реагираат од Демократското движење./Alsat.mk