ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовевски бара чаре за бројните отсуства на обвинители на рочиштата

Јовевски бара чаре за бројните отсуства на обвинители на рочиштата

Обвинителот Љубомир Јовевски побара од првиот човек на Обвинителството за гонење на криминалот Ислам Абази и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски да одржат итни колегиуми. На нив тие треба да ги известат обвинителите дека отсуството од судските рочишта ќе биде основа за покренување на итни дисциплински постапки против обвинителите доколку се утврди дека отсуствувале без причина. Обвинителството побара и одговор од Судскиот совет кои рочишта биле откажани поради немање обвинители и за кога биле презакажани. Ваквата одлука на Јовевски доаѓа само неколку дена откако Судскиот совет го разгледа и одобри извештајот за работната посета на Кривичниот суд, а во кој членовите на Советот утврдија дека, меѓу другото, има застој во судските постапки поради отсуствувањата на некои од обвинителите. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button