ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Демонстрантите за „Монструм“ на крстосницата кај Мавровка, се бара оставка од Фетаи

Илјадници луѓе продолжија од паркот Чаир кон Трговскиот центар „Мавровка“ за да го завршат протестот пред Основното јавно обвинителство. Протестот го предводат роднини на обвинетите во случајот „Монструм“, кои ги отфрлаат обвинувањата на Обвинителството.

Во завршните зборови на последното судско рочиште за случајот, Основното јавно овинителство (ОЈО) побара највисоки казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Според полицијата, протестот е закажан со почеток во 13.30 часот, а почна од парк Чаир и продолжи со протестен марш по улицата „Цветан Димов“, па по булеварот „Крсте Мисирков“, по булеварот „Гоце Делчев“ и потоа, заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“, ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до Oсновното јавно обвинителство. Според пријавеното, протестот ќе трае три часа.

Организаторите на протестот побараа разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button