ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Преговарачката рамка да се фокусира исклучително на реформите, а не на историјата

Ние сме посветени да го почнеме пристапниот процес. И ќе останеме упорни во барањето на достоинствено, европско решение на предизвикот со кој се соочивме. Клучна е политичката волја, и мислам дека треба да се обидеме како општество, како нација, не само државата, пред се Владата, медиумите и граѓанското општество да направиме напредок во европеизацијата без разлика што во моментов не сме во пристапниот процес, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој нагласи дека исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите, а не во неа историјата да добие централно место.

– Преговарачката рамка е прашање за кое се уште поради соседна Бугарија нема консезус меѓу земјите-членки. За пристапниот процес да европеизира исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите. Ако историјата добие централно место во преговарачката рамка, тогаш прашање е дали и во која мера еден таков процес ќе европеизира или пак, ќе балканизира, подвлече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button