ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска во Македонија нови 10 бегалци од Авганистан, утре дополнителни 97

Во С. Македонија нови 10 авганистански државјани, емигранти на кои им се заканувало прогонување од страна на Талибанците. Изминатиот период биле сместени во Турција. Не се соопштува каде ќе престојуваат кај нас од безбедносни причини, но се дознава дека веќе ги поминале сите медицински прегледи.

Утре ќе пристигнат уште 97 Авганистанци, вработени во американската организација НДИ. Нивното пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје е закажано за 15 часот, а по лекарските прегледи ќе бидат сместени. Со нивното утрешно пристигнување бројот на Авганистанци во С. Македонија ќе се зголеми на 300.

Емигранти од Авганистан

 

31 август149 Авганистанци
15 септември44 Авганистанци
04 октомври10 Авганистанци
05 октомври97 Авганистанци

Во согласност со законските одредби, нивниот престој во нашата земја првично се регулира на 90 денови, а потоа добиваат право да покренат постапка за азил. С. Македонија и Албанија се првите земји во регионот што ги отворија вратите за авганистанските бегалци, политички прогонувани од талибанскиот режим во Кабул. Покрај центрите за азил, тие беа сместени во одредени хотели, каде што се зголемени безбедносните мерки.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button