ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Детското одделение во општата болница во Охрид останува затворена

Откако два месеца е затворено детското одделение во општата болница во Охрид, поради недостаток на педијатри, министерот за здравство Венко Филипче вети решение. Сепак за тоа охриѓани ќе треба да почекаат уште некое време, за да бидат донесени измените на Законот за здравствена заштита, со кој специјалистите и супспецијалистите ќе можат да спроведуваат дежурства во други здравствени установи. Детското одделение во моментот работи само како обична амбуланта, за прегледи на пациенти со работно време од 8 до 20 часот. За викендите, во вечерните часови или за хоспитализација пациентите се препраќаат во Струга.

„Интервенираме тука во Охрид со тоа што двајца педијатри ќе бидат пратени во следниот период од скопската клиника за педијатрија и ќе бидат континуирано присутни и тој систем на ротација ќе го задржиме додека не најдеме и некое друго трајно решение. Нека помине законската измена, па нека се направи соодветниот распоред“, изјави Венко Филипче, министер за здравство./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button