ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во понеделник Комисијата ќе одлучува дали ќе се помилува или Сеад Кочан

Новинар: Адријан Керими

Во понеделник во рамки на Комисијата за помилување во рамките на канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото ќе се одлучи и за барањето на Сеад Кочан, испратено преку министерот за правда Бојан Маричиќ за делумно помилување од шест месеци. 11 члената комисија, предводена од Уранија Пировска, мора да одлучи дали ќе му прости или не на човекот кој го оштети државниот буџет од 17 милиони евра.

Барањето на Кочан е упатено од затворот Идризово, а го разгледуваше посебна комисија при Министерството за правда. Иако од ова Министерство велат дека нема барање за помилување на Кочан, Алсат вчера го објави документот преку кој првиот човек на Министерството за правда, Бојан Маричиќ бара Кочан да биде делумно помилуван за шест месеци.

„Делумно да биде ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци“, се вели во барањето за помилување.

Затворската казна почнал да ја издржува на 01.08.2019 година, додека казната му завршува на 01.04.2024 година. Осудениот има одлежано 2 години и 5 месеци од казната. Од 01.01.2022 година треба да одлежи уште 2 години и 3 месеци затвор“.

Неофицијално, 6 од 11 членови се против барањето на Маричиќ и најавија бојкот на состанокот, постапка што ќе ја оневозможи работата на телото за помилување. Во отсуство на кворум, во прашање се и други помилувања.

Алсат дознава дека дополнително се бара Кочан да биде кривично гонет, за злоупотреба на службената положба, поточно за манипулирање со банкарска гаранција од 17 милиони евра која сега веќе е згасната. СЈО бараше гаранција дека Кочан нема да побегне поради гонење. Државниот правобранител побара негово кривично гонење, бидејќи и замрзнатиот имот е земен како гаранција, но Граѓанскиот суд го одби барањето со образложение дека доцнењето и грешката на обвинителот на предметот му овозможиле на Кочани да преземе такво дејствие и во оваа фаза е доцна да се покрене таква постапка. Извори од државната правна заштита велат дека иницијатива за одговорност е покрената против двајцата обвинители од случајот, од кои едниот се стреми да ја преземе функцијата шеф на скопското обвинителство, додека другиот се стреми од Обвинителството за организиран криминал да се префрли во Вишото Обвинителство. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button