МАКЕДОНИЈА

Девојчињата најизложени на онлајн насилство и малтретирање во школите

Дваесет проценти од средношколците биле жртви на онлајн насилство минатата година. Според истражувањето на Институтот за човекови права, најизложени на онлајн насилство и малтретирање се девојчињата. Во повеќето случаи тие биле малтретирани од свои врсници поради љубомора. Тоа го правеле за забава или за да ги покажат своите вештини.

Изворот на насилството се основните училишта, а не се дејствува навреме за да се спречи феноменот.

Од Институтот за човекови права посочуваат и дека најзагрижувачко е физичкото насилство меѓу средношколците во јавниот превоз мотивирано врз етничка основа. Според Институтот, вакви случаи има повеќе на автобуските линии 2, 22, 57, 47, 41 и 51. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Борба против сајбер заплашување врз девојчињата“, финансирано од Канадската амбасада во Белград. Било спроведено во 18 средни училишта во земјава преку 1.017 ученици од трета и четврта година.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button