Џафери се очекува да ги распише локалните избори на крајот на јули или почетокот на август

Претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците.
На средбата со новинарите, претседателот на Собранието рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на „пропуст” што потоа би бил подлога за суштински аспект со што би го довел во прашање целиот изборен процес.
Тој предупреди дека доколку изборите би се одржале на 17 октомври, тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември.
-Кога ќе дојде време ќе пуштам писмо до ДИК во однос на роковите и мандатите, рече Џафери.