ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК се интересира кои компании смеат да увезуваат „фингерпринт“ апарати

Државната изборна комисија на два дена пред локалните избори од Царинската управа побарала список на фирми кои евентуално нарачале исти фингерпринт апарати од странство, какви што се користеа на изборите. Ова за Алсат го потврди првиот човек на ДИК, Алексндар Даштевски, кој тврди дека проверката ја бараат поради безбедносни причини, за да не дојде до евентуално мешање на апаратите за отпечаток на прст кои ги набави ДИК со евентуално исти такви набавени од приватни или државни фирми.

„Имаме индиции дека одговорот ќе биде позитивен, дека ниедна фирма досега нема увезено такви апарати“, рече Даштевски.

– А, имавте некоја дојава како Државна изборна комисија дека можеби и некои фирми нарачувале такви апарати?

„Не сме имале таква дојава, тоа, како што реков, го направив поради наша безбедност, да бидеме сигурни дека немало таква работа, да не испадне после дека и други увезувале, да бидеме сигурни дека досега никој таква опрема нема увезено“, рече Даштевски.

– Зошто го прави ова Државната изборна комисија, нели има безбедносни служби кои треба да го направат тоа?

„Да, има. Како што реков, поради нас, поради личен интерес што го имаме, за да бидеме сигурни дека таква работа нема“, додаде Даштевски.

Ваквото барање до Царина пристигнало вчера, а службите проверуваат дали евентуално некоја фирма или институција нарачала исти апарати. Даштевски уверува дека апаратите се безбедни и функционални и засега нема потреба од нарачка на нови. Ако некој од апаратите се расипе во наредните пет години, обрска на германската фирма „Дермалог“ е да го замени апаратот со нов. Инаку, изборите ќе се одржат одново во две општини. Таков е случајот со Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Во двете општини немаше излезоност од една третина од запишаните гласачи. Но, што ако и во повтореното гласање повторно нема доволна излесност?

„Па за тоа ќе треба да одлучува законодавецот дали треба да се прошири таа општина, да се намали и така натаму, бидејќи нема доволно излезност. А, претпоставувам дека причината е поради тоа што нема доволни жители во смисла што не се присутни во нивните домови“, рече Даштевски.

Во Маврово и Ростуше право на глас имаат 10.144 жители. Правото на глас го искористиле 3.144, а излезноста изнесува 31%. За изборите да бидат легитимни во оваа општина треба да гласаат 3.381 жител.
Во Центар Жупа право на глас имаат 7.317 жители, а 1.873 жители го искористиле, со излеснот од 25,60%. За во оваа општина изборниот резултат да биде признаен треба да гласаат најмалку 2.439 граѓани.

Инаку, тече рокот од 48 часа за учесниците на изборите кои можат да поднесат приговори до ДИК по однос на изборниот резултат. Доколку евентуалните жалби не бидат прифатени од страна на ДИК, тогаш партиите и независните учесници на изборите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, како повисока инстанца.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button