ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Како држава во неколку сектори имаме умерен напредок кон стандардите на Унијата

Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговори на Македонија со Европската Унија. Деловите од извештајот покажуваат дека реформите бараат постојан ангажман на владата, на опозицијата, но и од сите осатанати општествени чинители.

„Во март 2020 членовите на Европскиот Совет едногласно ја одобрија одлуката да се отворање преговорите за членство со Северна Македонија. Одлагањата во официјалниот старт на преговорите за членство имаат негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ“, наведуваат од ЕК.

По однос на внатрешната политика, во документот нотирана е политичка поларизација, но и се бара зајакнување на улогата на Собранието. Извештајот препознава умерен напредок во реформа на јавната администрација. Во делот на судство се бележи умерен напредок, но сепак се потребни напори за да се обезбедеи систематско спреоведување на планот и стратегијата за реформи во судството. Земјава доби оценка – умерен напредок и во делот на корупција, потенцирајќија улогата на Антикорупциската комисија и Обвинителството за организиран криминиал.

„Случаите иницирани од поранешното СЈО продолжија да напредуваат, со што се утврди одговорност за незаконското прислушување. Голем број случаи беа предмет на првостепени пресуди и беа отворени нови случаи врз основа на истраги од поранешното СЈО. Антикорупциската комисија беше проактивна во спречувањето на корупцијата и отвори неколку случаи, вклучително и против службеници на високо ниво“, наведуваат од ЕК.

Европската Комисија забележува дека потребно е подобро сопреведување на Законот во одредени сфери на криминал – перење пари и финансиски криминал. Во делот од извештајот – слобода на медиуми нотиран е ограничен напредок. ЕК бара поголема транспарентност во државното рекламирање, но и за партиското рекламирање. Се бара напор од владата за реформи на јавниот сервис, а документот покажува дека треба допрва да се решаваат работничките права на новинарите.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button