МАКЕДОНИЈА

Димитриев: На ОТА ѝ требаат дополнителни средства за опрема за следење на електронските комуникации

Државата сѐ уште нема опрема со која во случај на потреба ќе може да се следат комуникациите спроведени преку алатките за комуникација од социјалните мрежи. Во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат поранешниот претседател на комисијата за следење на примената на ПИ-мерките, Емил Димитриев, од ВМРО-ДПМНЕ рече дека државата треба час поскоро да набави опрема за следење на секаков вид на комуникации.

Како што рече тој, медијатор за следење и на овие начини на комуникации треба да биде ОТА, но за тоа се потребни дополнителни средства.

„ОТА треба да биде обезбедена соодветно со буџет за да може да го покрие и ова. Засега буџетот на Оперативно-техничката агенција не го гарантира ова што го зборувам“, рече Димитриев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button