МАКЕДОНИЈА

Петровска: Нема ниту еден надзор врз работата на системот за следење на комуникациите

Сѐ уште нема извршено ниту еден надзор врз работата на системот за следење на комуникациите во земјава, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ поранешната шефица на кабинет во МВР, Славјанка Петровска од СДСМ.

Како што вели таа, причина е недостаток на лица со соодветно техничко познавање во собраниските комисии.

„Очекуваме во месец март да бидат избрани двајцата технички експерти…тоа што беше детектирано како недостаток е дека не можеме да бидеме сигурни дека пратениците имаат доволни познавања од областа. Следењето на комуникациите не се само законите. Постои и друг дел, а тоа е опремата, за којашто треба многу поголемо техничко познавање“, рече Петровска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button