КОШАРКАСПОРТ

Димитријевиќ најдобар стрелец, Хап најдобар блокер

По првите два натпревари против Естонија и Полска, македонскиот бек, Nенад Димитријевиќ е најдобриот стрелец во квалификациите за Евробаскет 2025 година. Тој има 57 поени кои ги постигна за 35.1 минута на теренот. Нено има просек од 28.5 за два одиграни натпревари. Тој на оваа топ листа е пред Клемен Препелиќ, кој е на второто место, додека пак третата позиција му припаѓа на Торнике Шенгелија.

Новиот американец во македонскиот дрес, Итан Хап е најдобар блокер, има пет блокади, исто колку и Тригви Хлинасон од Исланд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button