ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Северна Македонија

Сега е време, сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија, порача вицепремиерот Никола Димитров од Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел дискусија заедно со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Потпретседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, објасни дека при секоја негова посета на Атина, учи по еден грчки збор, а по зборовите „пријателство“, „договор“, „спокој“, „визија“, денеска, на дебатата за почеток на европскиот процес, спомена нов збор – „сега“, паралелно упатувајќи порака дека време е за исполнување на ветувањата.

-Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови,  е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел, порача вицепремиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button