ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ денеска треба да реферира за државјанството на Онишченко

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, денеска се очекува да реферира како за Олександр Онишченко, за кого има национална потерница и кој е на црната листа на САД, Агенцијата дала позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Расправата по ова прашање ќе продолжи денеска на седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), откако таа во средата беше прекината оти Димовски не беше присутен на неа.

Претседателот на собраниската Комисија, Љупчо Пренџов, во средата информира дека Димовски ќе треба да објасни како службеници на АНБ го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button