ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Додека капацитетите на болниците се исполнуваат, лекарите сè погласно бараат да се почитуваат мерките

Капацитетот на болниците се повеќе и повеќе се преоптоваруваат. Само во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 36 пациенти, а 19 пациенти се хоспитализирани на интерните одделенија. Болницата „8 Септември“ прими 11 пациенти, додека во Клиниката за инфективни болести шест. Во моментов се лекуваат 467 пациенти. Лекарите велат дека притисокот станува неподнослив, па затоа повикуваат на внимателност и почитување на мерките.

 

Во последните 24 часа капацитетот е зголемен за 170 кревети, благодарение на бројот на излекувани пациенти. Ковид центарот во Скопје има уште 43 кревети, а со работа почна и очната клиника со 23 кревети на располагање. Во болницата „8 Септември“ се додадени 26 кревети и сега бројот на слободни капацитети достигна 106. Во следните денови Клиниката за оториноларингологија ќе функционира како ковид центар.  Минатиот месец земјата забележа огромно зголемување на нови случаи со ковид 19. Околу 15 отсто од дијагностицираните пациенти покажале тешка клиничка слика и влошена состојба, додека бројот на активни случаи е над 20 илјади. Властите очекуваат ефектот од мерките да биде видлив од следната недела.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button