ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните чекаат со недели за да се вакцинираат против сезонскиот грип

Вакцината за сезонски грип останува привилегија само за ранливите категории. Ова значи дека веќе нема да има вакцини од 800 денари, бидејќи 2.500 комерцијални вакцини се потрошени уште првиот ден. Но, за да добиете слободен термин преку апликацијата „Мој термин“ треба да се чека со недели, се жалат лекарите. Според нив, списокот на чекање е долг за пациентите кои сметаат дека е потребно да ја примат оваа вакцина. Тоа се постари лица над 65 години, деца под пет години, бремени жени, пациенти со хронични заболувања и целиот медицински персонал во земјава.

 Термини постојано нема, како што можете да видите за сезонски грип, воопшто нема термин. Се снаоѓаат луѓето кој како може. Од наша страна, ние сме секогаш достапни да ги бараме термините што ги имаме на располагање, но за жал не се наоѓаат“-изјави Седат Лумани, матичен лекар

 

Изминатата недела над 3.200 граѓани примија бесплатна вакцина за сезонски грип во сите здравствени домови во земјава. Последните десум дена резултираа и со над 120 пропуштени термини затоа што пациентите воопшто не се појавија на местата за вакцинација во закажаното време. Во повеќето здравствени центри се има од 20 до 40 термини секој ден.

 Немаме комерцијални вакцини, имаме вакцини само преку системот „Мој термин“. Граѓаните не треба да се вознемируваат затоа што секоја недела ќе се отвораат нови термини, има вакцини. Министерството за здравство ќе нè снабдува со вакцини секоја недела и поради оваа причина оваа динамика ќе продолжи неколку пати по ред“-рече Бурак Шабани, медицински советник во Здравствениот дом во Скопје.

Вакцината за сезонски грип годинава се дава на шест пункта во здравствените домови во Скопје, како и во 32 други градови и населени места во земјава. Од Министерството за здравство велат дека според протоколот  за закажување термини он лајн, тие се објавуваат секој петок и лекарите треба правилно да ги поставуваат податоците, за да не се блокира системот „Мој термин“.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button