ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојава за бомба! Повлечени сите автобуси на ЈСП

Лажна дојава за бомба го поремети јавниот автобуски сообраќај во Скопје. Утринава во Скопје кога е и најголемиот метеж, дел од автобусите застана да возат. На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка.

Повеќето, пак, од возачите воопшто не успеале да влезат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, затоа што полицијата правела проверки, а капијата била заклучена, така што и тие вработени не тргнале да возат.

МВР е во претприајтието и врши проверка, но неофицјално паниката ја предизвикал еден до вработените кој се јавил во полиција и пријавил дека во автобусите има бомба, но потоа признал дека направил несмасна грешка. Сепак, вработените се решени и покрај оваа ситуацијата точно на пладне да одржат протест заради неисплатената септемврска плата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button