ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен вработен во ЈСП – Пратил дојава за бомба во автобус

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје преку соопштение информира дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, постапувајќи по пријава од ЈСП околу 5 часот.

Во пријавата се наведува дека од неговиот мејл пристигнала порака на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори и повеќе служби во ЈСП дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од ЈСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button