ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Доктор во Вевчани бил апсолвент на Медицинскиот факултет во Штип

На триесет и три годишниот Вевчанец, кој шест години работел како лекар во здравствениот дом во Вевчани, без дозавршен медицински факултет, не му било издадено ниту уверение ниту диплома, рекоа за Алсат од Медицинскиот факултет во Штип, каде што тој бил на студии.

„До нас не е пристиганто ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација. Но, според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент“, наведоа од Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип.

Дознаваме дека тој од 2016 година кога е примен на работа приложил оригинална диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца. И за ништо не било спорно до пред 10 дена, кога лекарската комора го информирала здравствениот дом дека кај нив нема лиценца за работа издадено на тоа име.

За сега ниту од полицијата ниту од Основното јавно обвинителство не соопштуваат детали за случајот. Од таму со истиот одговор како и вчера.

„ОЈО Струга е известено за настанот. Се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“.

Од СВР Охрид рекоа дека преземаат мерки по насока на обвинителството и по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Докторот-студент е времено суспендиран од работното место, а директорот на здравствениот дом Јован Стојкоски, не сакаше да коментира ништо, сѐ додека, како што рече, не заврши истрагата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button