ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Долга е листата на институции што ја игнорираат употребата на албанскиот јазик

По вчерашното пријавување на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, пред Инспекторатот за употреба на јазиците поради непочитување на албанскиот јазик, денеска на ред е министерот Иван Стоилковиќ, кој е должен за спроведување на Охридскиот договор.

Advertisements

Ова е втора иницијатива на телевизија Алсат за министрите кои не го почитуваат Законот за употреба на јазиците, кој ги обврзува со граѓаните да комуницираат покрај македонскиот јазик и на албански јазик. Инспекторатот, според својата службена должност, во рок од 10 дена треба да направи ненајавен увид за да ја констатира состојбата.

Од формирањето на Инспекторатот за употреба на јазиците, до крајот на јуни, инспекторите на овој инспекторат извршиле вкупно 357 контроли.

Податоците покажуваат висок степен на непочитување на законската обврска од страна на институциите и функционерите.

Како што може да се види од табелата, од вкупно 357 инспекциски контроли извршени од јуни 2021 до јуни 2024 година, констатирани се неправилности во 246 контроли.

Ова е дополнителна потврда на она што Алсат веќе извесно време го информира дека државните функционери го почитуваат Законот за употреба на јазиците како што сакаат.

Приоритет на Инспекторатот е оваа година да се фокусира на започнување и вршење на инспекциски надзор за спроведување на Законот за употреба на јазиците преку редовно спроведување на инспекциските контроли, зајакнување, развој и унапредување на човечките ресурси.

Меѓутоа, ако се погледнат капацитетите на Инспекторатот, тие се симболични. Буџетот на оваа институција за 2024 година е само околу 280 илјади евра. Сепак, најголем дел од овие пари одат за плати и придонеси. Ако се погледне списокот на вработени, во овој Инспекторат има вкупно 17 лица, а од нив 8 се инспектори и помлади инспектори.

Додека употребата на албанскиот јазик се игнорира, македонскиот јазик, кој и онака е прв службен јазик, е заштитен со посебен закон. Впрочем, со новиот закон за употреба на македонскиот јазик од јануари годинава, државните органи, па дури и приватните компании се обврзани да ги лекторираат документите и материјалите според стандардниот македонски јазик.

Впрочем, земјава нема ниту релевантна институција која ги лиценцира лекторите по албански јазик, а камоли да тера некој да го користи албанскиот стандарден јазик.

Законот за употреба на јазиците предвидува казнени одредби за непочитување од страна на институциите и службениците. Но, и покрај високиот степен на прекршување на Законот за употреба на јазиците, Алсат неофицијално дознава дека извршувањето на овие казни од страна на правосудните органи е многу ниско.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button