ВЕСТИСВЕТ

Доналд Трамп на чекор до враќање во Белата куќа

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп победи во Северна Каролина, како и во Џорџија, две од клучните држави што традиционално не се определени ниту за една партија, со што го трасираше патот до победа на претседтелските избори во САД. Неговата противкандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис не може да се надева на најмалку 270 електорски гласови потребни за победа, без да ја освои Пенсилванија.

Фокс њуз веќе проектираше победа на Трамп и во Пенсилванија, но кај Си-ен-ен оваа држава е се уште меѓу оние за кои не може да се каже победникот со сигурност.

Според Фокс њуз, Трамп дефинитивно се враќа во Белата куќа.

Според досегашните проекции што ги објавува Си-ен-ен, пак, Трамп има 246 електроски гласови, а кандидатката на демократите, Камала Харис има 187 електорски гласа.

Според очекувањата, Трамп и Харис освоија победи во сојузните држави што за нив важеа како сигурни.

Американците избираат претседател по 60. пат во историјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button