КОШАРКАСПОРТ

Дончиќ продолжува со новите рекорди за Далас Маверикс

Словенечкиот кошаркар во НБА, Лука Дончиќ продолжува со новите рекорди за Далас Маверикс. Во победата над Кливленд со 110:90, Дончиќ постигна 24 поени, со што ја надмина границата од 5.000 поени во НБА. Тој ја надмина оваа граница со 22 години и 68 дена, а пред него се Леброн Џејмс со 21 година и 22 дена, Кевин Дурант со 21 година и 133 дена и Кармело Ентони со 21 година и 292 дена. Инаку, тоа беше важна победа за Далас, кој сега е на петтата позиција во Западната конференција. Потсетуваме дека првите шест екипи одат директно во плејоф, а останатите од 7 – та позиција до 10 – та позиција играат во плејин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button