ФУДБАЛ

Реал без капитенот Рамос на дуелот против Севилја

Екипата на Реал Мадрид ќе биде без капитенот Серхио Рамос на натпреварот против Севилја, во еден од најважните пнатпреварои во трката за шампионската титула во Ла Лига. Веста ја потврди тимот од Мадрид преку соопштение за јавноста, каде се вели дека Рамос е повреден во пресметката со Челси. „По тестовите, на Рамос му беше дијагностицирана повреда на мускулот на ногата. Неговото враќање сè уште не е потврдено“, се вели во официјалното соопштение на клубот. Пред неколку дена, Реал Мадрид беше елиминиран од Лигата на шампионите, од Челси, со резултат 2:0, а Серхио Рамос ги играше сите 90 минути на „Стемфорд Бриџ“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button