ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Државата им спрема екстра-данок на фирмите „кризни профитери“

Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува по друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата утврди дека лани некоја компанија остварила многу повисока добивка во однос на претходните неколку години, профитот ќе ѝ биде екстра оданочен. Под лупа ќе бидат сите компании без разлика од кои сектори доаѓаат. Парите кои ќе ги собере државата ќе бидат вратени во економијата преку нови мерки и програми за развој на стопанството, велат од Владата.

„Ако во случај има зголемување на приходите во последната година секако дека ќе плаќаат дополнителен данок кој се вика данок на солидарност“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Засега не се знае за колку ќе бидат оданочени екстра профитите на фирмите, но Бектеши вели дека неговиот колега од финансии Фатмир Бесими следниве денови ќе го каже тој податок. Од Сојузот на стопански комори за Алсат велат дека, пред да се воведат нови даноци за компаниите кои веќе плаќаат треба да се најде начин како оние што не плаќаат да се внесат во системот. Не се согласуваме со принципот тие што плаќаат да плаќаат повеќе, а оние што не плаќаат, да продолжат да не плаќаат.

„Зголемувањето на даноците и состојби на криза се значајни фактори кои придонесуваат за зголемување на сивата економија, што создава сомнеж дали решението за воведување на нов данок ќе може да ја постигне цел која ја поставуваат креаторите на политиките“, наведуваа од ССК.

Овој закон има за цел да покаже кои компании профитирале врз грбот на граѓаните во шпицот на пандемијата, енергетската и инфлаторната криза.

Веќе два месеци компаниите од прехранбениот сектор користат субвенционирана струја, но за тоа имаа обврска да ги намалат цените на своите производи за најмалку 10 отсто. По пониска цена се продаваат само дел од производите, а добар дел од храната не само што не поевтини, туку граѓаните се жалат дека се продава по повисока цена од онаа пред декември лани, кога стартуваше мерката за поевтина струја за прехранбената индустрија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button