ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата ќе градеше 14 базени, ама градителот заминал во затвор

Проектот на Владата за изградба на 14 затворени базени во целата држава е пред неуспех. Компанијата која требаше да ги изгради престанала да работи откако еден од сопствениците завршил во затвор. Од Агенцијата за млади и спорт потврдуваат дека фирмата доцни, а најавуваат мерки против неа.

Иако веќе требаше да бидат готови сите 14 базени, само еден е завршен, но не целосно. Станува збор за базенот во Тетово кој пред неколку дена беше предаден на употреба. Базенот кој е наменет за учениците од основно образование, не се знае дали ќе биде пуштен во употреба до поставувањето на соларни панели за производство на струја, со кои е предвидено да се намалат трошоците за енергија кои достигнуваат и до 30 илјади евра месечно.

И покрај тоа што е планиран за часовите по физичко образование за основците, овој базен не ги задоволува нивните потреби бидејќи ги има премногу, а има само еден базен.

„Иако не ги задоволува потребите за Тетово, тоа е проект кој ќе помогне децата да се подготват за спортови на вода“, рече Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

За изградбата на 14 базени беа издвоени 200 милиони денари.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button