ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата НЕМАЛА еко-кадри, па насекаде низ земјава ИМАМЕ смет

Земјава се соочува со многу предизвици во однос на управувањето со отпадот. Сè уште нема соодветен систем за управување со сите видови отпад. Вршителот на должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски рече дека овој Инспекторат се соочува со недостиг на ресурси и кадар. Тој рече дека за првпат се дел од националната стратегија што ја подготвува МВР, за проценка на ризиците од организираниот криминал.

https://www.youtube.com/watch?v=qydSJjMa98g&feature=youtu.be

Членот на Антикорупциска Владимир Георгиев рече дека загадувањето на животната средина може да се гледа и како хибридна закана. Според него, политичките партии во предизборната кампања се фокусирале главно на грижата за животната средина, но додаде дека треба да се погрижат сега кога завршија изборите за да го спроведат тоа што го кажуваат.


Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека преку 6 закони кои се одобрени пред еден месец во Собранието, целта е потранспарентно да се управува со отпадот и да се следат актерите вклучени во овој процес, за да се спречи корупцијата. Овие оценки беа дадени на јавна расправа на тема „Услови во животната средина – управување со отпад“ организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button