ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Доцни набавката и на вакцини против сезонски грип

Во земјава сè уште се чекаат вакцините за сезонски грип. Иако за оваа сезона се нарачани 40.000 дози, здравствените власти сè уште немаат датум кога тие ќе пристигнат. Од Министерството за здравство велат дека трета година по ред бесплатна вакцинација ќе има за лицата над 65 години, за хронично болните, трудниците, вработените во здравствениот систем и за децата од 6 месеци до 5 години.

Министерство за здравство

„Поради зголемената глобална побарувачка за вакцини против грип се прават напори вакцините да пристигнат што е можно поскоро. Нагласуваме дека не е доцна граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември и декември, бидејќи според епидемиолошките податоци, овој вирус го достигнува својот пик на крајот на февруари.“

Граѓаните од денеска може да си закажат термин на „vakcinacija.mk“. Потоа ќе им стигне СМС порака кога ќе може да ја примат дозата. Матичните лекари велат дека се доцни. Идеално време за вакцинација против овој сезонски вирус е до средината на ноември за да се постигне имунитетот, вели лекарот Седат Љумани.

„На организмот му требаат околу 40-45 дена за да постигне имунитет против вирусот, а сезоната на грип трае од јануари до мај, што значи дека е време да се даде. Вакцината обично се дава од 15 октомври до 15 ноември и треба да се даде во целост. Има интерес од пациенти кои се вакцинираат секоја година, од нас се бара да закажеме термин, но за жал досега нема вакцини.“

Но, треба да се знае дека вакцината против грип не штити од корона вирусот, па таа треба да се прими одделно. Имајќи предвид дека симптомите се исти, се очекува сезонскиот грип да го забрза новиот бран на пандемијата кој според епидемиолошките параметри, наскоро ќе дојде.

Министерство за здравство

„Ризичните групи од грип се исти со поголем ризик од Ковид 19, па затоа се препорачува и вакцинација против грип. Со тоа ќе се избегне дополнително оптоварување на здравствениот систем бидејќи лицата со грип би биле хоспитализирани во ковид- центрите.“

За да не се оптоварува здравствениот систем, лекарите повикуваат да се внимава со контактите во затворени простории, да се носат маски и да се внимава на личната хигиена.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button