ЕКОНОМИЈА

Државна видеолотарија Касинос Австрија станува дел од Европската асоцијација на лотарии

Државна Видеолотарија Касинос Австрија влезе во семејството на Европската асоцијација на лотарии во која се вклучени професионалците од европскиот сектор на игри на среќа.

Европската асоцијација на лотарии е најрепрезентативна организација во областа на игрите на среќа, која ги обединува лотариите од цела Европа. Како асоцијација ги штити интересите на националните лотарии, овозможува стекнување знаење, споделување на искуства во индустријата на игри на среќа, а во фокусот на своите интереси ја става заштитата на играчите и одговорното приредување на игрите на среќа.

Овие факти укажуваат на важноста и значењето за влезот на Државна Видеолотарија Касинос Австрија во ова семејство. Придобивките од нашето полноправно членство значат отворена врата за активна соработка со лотариите кои се членки, пренос на искуства и непречено следење на светските трендови во индустријата на игри на среќа, како и нивно воведување на македонскиот пазар.

Силно веруваме дека вклучувањето на нашата компанија во ова семејство, ќе придонесе до брз и квалитетен развој, во насока граѓаните кои се наши играчи, да добијат највисоки стандарди во поглед на одговорното приредување на модерни игри на среќа.

Европската асоцијација на лотарии основана во 1983. Таа е независна Европска асоцијација која ја сочинуваат државни лотарии основани во Европа. Мисијата на Европската асоцијација на лотарии е да го подржи развојот на лотариите членки и меѓу нив да воспостави активна комуникација и соработка.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button