ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државниот инспекторат за образование потврди дека имало случаи кога од учениците биле земани пари за свидетелства во две средни училишта во земјава

Државниот инспекторат за образование потврди дека имало случаи кога од учениците биле земани пари за свидетелства во две средни училишта во земјава. Во објавениот извештај се наведува дека во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово е утврдено дека дел од класните наставници годинава собрале средства за пополнување на свидетелства во електронска форма, но како што велат од Инспекторатот, парите биле дадени по волја на родителите. Исто така, според Инспекторатот, откриени се неправилности во средното училиште „Мирче Ацев“ во Прилеп, каде биле собирани пари од гимназијалците кои завршувале четврта година.

Државен инспекторат за образование

Од утврдената состојба во согласност со Законот за инспекција во образованието, на средните училишта „Никола Штејн“ во Тетово и „Мирче Ацев“ во Прилеп им се сугерира да ги вратат собраните средства за пополнување на свидетелствата на учениците, и да биде известен Државниот инспекторат за образование.

Државниот инспекторат за образование спроведе инспекции во уште две средни училишта, гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје и средното економско училиште „8 Септември“ во Тетово. Во овие две училишта не се утврдени неправилности. Извештајот на инспекторатот се заснова на изјави дадени усно и во писмена форма од ученици, класни, директори и совети на родители.

Државен инспекторат за образование

Во средните училишта „Зеф Луш Марку“ Скопје и „8 септември“ Тетово, ниеден ученик не се пожалил дека од него биле побарани пари за свидетелства. Исто така, и директорите и класните наведуваат дека за учебната 2020/21 година тие не побарале и не добиле финансиски средства од учениците за електронско пополнување на свидетелства и дипломи “.

Инспекциите во училиштата следеа по поплаки од Унијата на средношколци, според кои учениците биле принудени да плаќаат различни суми пари за пополнување на свидетелства со компјутер.

На ова прашање реагираше и народниот правобранител кој констатирал дека оваа година продолжува практиката некои училишта да бараат пари од ученици за издавање на свидетелства.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button