ВЕСТИСВЕТ

Државниот обвинител на САД бара истрага за евентуални изборни нерегуланости

Американскиот државен обвинител, Вилијам Бар го овласти федералното обвинителство да ги испита наводите за неправилности за време на гласањето пред да се потврди резултатот од претседателските избори во САД, пренесува „New York Times“.

Тој во внимателно формулираниот меморандум јасно ставил до знаење дека обвинителите имаат овластување да истражат, но предупреди дека „измислените, шпекулативни, фантастични или далекусежни тврдења не треба да бидат основа за покренување федерални истражувања“.

„Со оглед на тоа што гласањето заврши, ве овластувам да постапите по суштинските обвинувања за неправилности во гласањето и пребројувањето на гласовите пред заверувањето на резултатите во вашите окрузи на јурисдикција“, напиша г. Бар.

По ваквата директива, директорот на Одделот за изборни нерегуларности, Ричард Пилгер, поднесе оставка.

Од кабинетот на Бар сооопштиле дека директивата не е поднесена по интервенција ниту од Белата Куќа, ниту од кој било републикански законодавец.

Критичарите на државниот обвинител веднаш го осудија меморандумот како политички чин што ја поткопува независноста на Министерството за правда од Белата куќа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button