СВЕТ

САД – Одобрена експериментална терапија против Ковид-19

Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) одобри употреба на експериментален третман со антитела во итни случаи за пациенти постари од 65 години, кои имаат и друга болест освен корона.

Условот е тие да не се хоспитализирани, пишува Ројтерс.

ФДА соопшти дека одлуката е поддржана од клинички испитувања кои покажале дека лекот ја намалува веројатноста за хоспитализација кај пациенти со коронавирус.

Засега, овој експериментален лек може да се користи за лесни и умерени случаи на коронавирус, како кај деца постари од 12 години, така и кај возрасни, но не може да се користи од пациенти кои се хоспитализирани и имаат кислородна терапија, додава ФДА.

Овој лек, направен од компанијата „Елија Лили“, не им помагал на пациентите со потешка форма на короната, туку се покажало дека им ја влошува клиничката слика, наведуваат од ФДА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button