ЗДРАВСТВОСВЕТ

Вакцината на „Фајзер“, генетски код наместо делови од вирус!

Вакцината на фармацевтските гиганти „Фајзер“ и „Бајонтек“ е многу близу до пазарот. Првите резултати покажаа дека е ефективна дури 90 проценти и, како што тврдат производителите, нема сериозни несакани ефекти.

Вакцината користи генетски инженеринг за да предизвика клетките да произведуваат делови од вирусот што ги препознава имунолошкиот систем, пренесува „Гардијан“.

Дозата на вакцината со себе носи специфични информации за РНК (рибонуклеинска киселина) кои содржат упатства како да се изгради рецептор на површината на вирусот.

Во теорија, ако оваа синтетичка iRNA се инјектира во некоја личност, таа треба да влезе во клетките и да ги програмира да градат протеини што личат на рецепторната површина на вирусот. Доколку вакцинирана личност дојде во контакт со инфекцијата, нивниот имунолошки систем ќе може да се бори против неа.

„Оваа iRNA не останува во организмот, се распаѓа многу брзо“, изјавил д-р Роберт Франк, кој го води испитувањето на вакцината „Pfizer“ Covid, кон крајот на октомври.

Вакцината иРНК „Фајзер / Бајонтек“, која го користи генетскиот код наместо делови од самиот вирус, е еден од лидерите во трката да се најде третман против Ковид-19.

Инаку, резултатите од испитувањето на вакцината што ја развија Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенек“ се очекуваат овој или следниот месец, но таа се базира на друга технологија.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button