ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ и ВМРО во препирка за гласањето на промени во Уставот

ДУИ и ВМРО во препирка за гласањето на промени во Уставот

Патот до обезбедување на 80 пратеници за уставните измени условени од Бугарија, се чини дека е тежок и полн со различни обвинувања меѓу позицијата и опозицијата. Колку повеќе се наближуваме до посакуваниот рок за евентуално завршување на оваа обврска на која се согласи Владата, а тоа е ноември, партиите во Собранието се повеќе се вкопуваат во своите ровови. Од ВМРО за АЛСАТ велат дека се ориентирани кон Европа, но според нив, не кон Европа каква што замислува Груби преку која се крие, како што велат, неговиот криминал. Го прашуваат вицепремиерот колку пари барал пратеник на ДУИ за да ги гласа уставните измени?

„ДУИ е во право за едно нешто, дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е ориентирана кон Европа, но тоа значи спротивно од она што го замислува Груби. Европската ориентација во ДУИ има врска со криминалот на Артан Груби од 22 милиони евра, локалот на брат му од 700 евра за м2 и исплатите од еден милион евра. Ако вака размислува за европската ориентација, тогаш им велиме дека никогаш нема да ја имаме, туку напротив, се бориме сите да одговараат за направените криминали. Дополнително бараме ДУИ да се изјасни колку пари побарал нивен пратеник за да гласа за уставните измени?“,велат од Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ го повторија ставот дека пратеници на ВМРО се спремни да гласаат за уставните измени. А, вака Груби одговори на тврдењата дека пратеник од ДУИ барал пари во замена за гласање за измените:

„Не верувам дека постои пратеник Албанец кој би побарал некаква услуга за да ја интегрира земјата во Европската Унија“, рече Артан Груби, ДУИ.

На иста линија се и од СДСМ. Според Дарко Каевски постојаните обвинувања од ВМРО се обид да се избегне фактот дека и во партијата на Мицкоски има пратеници кои ги поддржуваат измените.

Доколку партиите не најдат заеднички јазик и не се донесат уставни измени до ноември годинава, евроинтеграцискиот процес на земјава повторно ќе биде блокиран. Оваа обврска за домашните власти е предвидена со т.н. „француски предлог“ со кој Бугарија се согласи да го крене ветото за старт на пристапните преговори за членство во замена за уставни промени и исполнување на обврските од Договорот за пријателство што го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов./Алсат.мк
Ардит Рамадани

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button