ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расцветаните овошки неделава во опасност да измрзнат

Расцветаните овошки неделава во опасност да измрзнат

Благата зима и повисоките температури направија пролетта да дојде побрзо. Вегетацијата процвета, па онаму каде што до април има снег, годинава веќе има зеленило.
Многу од овошките расцветаа, па тоа сега ги прави почувствителни и ранливи на ниски температури. Такви ќе имаме претстојнава недела.
Агрометеорологот, Ангелко Ангелески, вели дека почетокот на годинава е поврзан со неповолни агрометеоролошки услови.

Професорот на Катедрата за фрутикултура на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Тошо Арсов, вели дека цветањето треба да започне во февруари или дури во март, а годинава на некои места пупки почнаа да се развуваат веќе во јануари. Тој вели дека овој период е деликатен, бидејќи со опаѓањето на температурите растенијата кои процветале или имаат пупки може да настрадаат и да нема род. Според него, земјоделците во овој период треба да внимаваат на заштитата на дрвјата.

Според прогнозата, утре ќе биде топло, но кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер. В понеделник попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува силен север ветер. Температурите ќе опаднат, а на планините и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминат во слаб снег. Потоа во средината на неделата речиси насекаде ќе имаме минусни утрински температури. Потоа од крајот на седмицата повторно ќе имаме потопло време./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button