ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ нема конечен став доколку следниот лидер на СДСМ биде мандатар на новата влада

Адриан Керими

ДУИ не одлучи дали ќе го прифати или не следниот лидер на СДСМ за мандатар. Според Артан Груби, премиерот Зоран Заев е многу потребен на чело на Владата за следните процеси, додека во текот на процесите не е исклучена промена на ситуацијата. Прашан за Алтернатива, за да стане дел од мнозинството, Груби рече дека секоја прогресивна партија е добредојдена во Владата.

„Сметаме дека парламентарното мнозинство ќе биде стабилизирано и мора да го заврши мандатот до 2024 година. За предвремени парламентарни избори може да се разговара заедно со претседателските, кои треба да се одржат во 2024 година во април или мај“, изјави Артан Груби, вицепремиер.

Груби потврди дека има мнозинство од над 61 пратеник, додавајќи дека техничката влада во случај на недобивање датум не доаѓа во предвид. ВМРО ДПМНЕ смета дека со заминувањето на Заев не си оди, како што го нарекуваат, „заевизмот“. Партијата на Христијан Мицкоски бара предвремени парламентарни избори.

Како рамки за проширување на парламентарното мнозинство, вчера Алтернатива во централното раководство одлучи процесот за станување дел од Владата да му го довери на партискиот лидер Африм Гаши. Се очекува во наредните денови средбите да се интензивираат, а конечната одлука дали партијата на Гаши ќе влезе или не во мнозинството, Алтернатива ќе ја донесе на седницата на Централното собрание. Во случај Алтернатива со четворицата пратеници да стане дел од Владата, мнозинството ќе има 63 пратеници без да го вклучи пратеникот Кастриот Реџепи кој во моментов одлучи да дејствува како независен, но со поддршка на парламентарното мнозинство. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button