ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дваесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности Владата денеска ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Како што соопштија од владината прес-служба, на овогодинешното одбележување на Градските гробишта во Бутел, со почеток во 12:00 часот.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button