МАКЕДОНИЈА

Двајца тешко повредени пациенти од трагедијата во Кочани пристигнаа во Загреб

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утрово се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестри милосрдници“, соопштија од болницата во вторник наутро, додека транспортот на двајца пациенти се очекува денеска.

Advertisements

Двајца пациенти кои утринава се примени на трауматолокото одделение имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.

Покрај нив, во Загреб на лекување во текот на денот треба да пристигнат уште повредени пациенти од Кочани, а премиерот Андреј Пленковиќ вчера изјави дека со македонските власти е договорено денеска со хеликоптери хрватската армија да ги превезуваат преостанатите пациенти.

Владата во Загреб утрово извести дека хеликоптер на хрватската армија денеска и утре ќе превезува уште четворица пациенти, кои исто така ќе бидат згрижени во хрватските здравствени установи.

Во акцијата за помош, задачата за лекување на повредените и е доверена на Клиниката за трауматологија при Клиничката болница „Сестри милосрдници“, каде најпрвин ќе се утврди степенот на изгорениците и повредите на други телесни функции, со оглед на тоа што преживеале тешка психофизичка траума.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button