ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Двојно убиство во кумановско

Двајца убиени и еден ранет е билансот од инцидентот што денеска се случи во кумановското село Габреш. Според МВР, околу 12 часот и 25 минути, 66-годишен маж пукал во својата сестра и нејзините два сина. 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место, додека ранетото лице било однесено во кумановската болница. По инцидентот полицијата го уапсила осомничениот за двоното убиство. Според неофицијалните информации, убиството се случило поради нерасчистени имотно-правни односи.