ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДЗР: Мерките за студентскиот стандард недоволно ефикасни

Мерките и активностите за подобрување на студентскиот стандард кои се преземаат од надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економични за остварување одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана и за реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите на државните студентски домови, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во ревизорскиот извештај е нотирано значително намалување на сместувачките капацитети кај сите државни студентски домови во период 2019 – 2022 година, односно од 5815 легла на 4490 во 2022 година, што претставува 77,28 проценти пополнетост, но и отстапувања во бројот на сместени студенти во однос предвидени со конкурсот.

Извештајот посочува и дека објектите кои ги користат државните студентски домови во најголем дел се стари и не ги задоволуваат потребите на современото живеење, имаат неизедначени услови, а нотирано е и незадоволство на студентите од исхраната, сместувањето и функционирањето на домовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button