РЕГИОН

Еди Рама: „На маса има де-факто признавање на Косово од Србија“

Премиерот на Албанија, Еди Рама ја поддржува идејата дека обединет економски Балкан би бил многу важен придонес за зајакнување на стабилноста и мирот. Што се однесува до европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, Рама рече дека тој е најдобар досега. Според него, на маса има документ кој всушност значи де-факто признавање на Косово од страна на Србија.

„Мислам дека документот на маса е најдобриот каде што двете страни можат да го добијат она што им следува. Двете страни се многу блиску до војна и мирисот на крв сè уште е силен до тој степен што не можат да ги направат последните чекори. Ова е вистинскиот начин и де-факто е признавање на правото на Косово да живее и да одлучува самостојно. Тоа е де-факто признавање од Србија каја треба да има нормални односи со Косово. Единствената поента е дали договорот се спроведува. Балканот е место со многу замки. Ќе видиме“, вели Рама.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button