ЕКОНОМИЈА

Еколошко-пријателски градежен материјал од индустриски отпад

Отпадот од топеното железо и струготините ќе се употребува за изработка на асфалтни мешавини и за бетонски постројки. Градежниот институт „Македонија“ преку низа анализи успеале од овие отпадоци да создадат траен градежен материјал кој нема да има никакво влијание врз животната средина. Пилот проектот бил финансиран од програма на Европската комисија.

„Во сите фази на истражувања се покажа дека овој материјал од категорија на индустриски отпад може успешно да биде применет во градежништвото и да добие нова употребна вредност. Од еколошки аспект, направени беа серија испитувања кои покажаа дека црната троска (отпад) е од категоријата на материјали и нејзината примена во градежништвото, не продуцира никакви штетни влијанија врз животната средина и може слободно да се користи како градежен материјал“, рече Златко Илијески, Градежен институт Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button