ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Eксперти коментираат за бугарско вето

Нано Ружин: „Неделава, епилог за прашањето со Бугарија“

Во петокот во Бугарија помина францускиот предлог и Собранието му даде зелено светло на бугарскиот премиер Кирил Петков да го крене ветото за Македонија да ги отпочне преговорите со Европската Унија. Но, сепак, дел од експертската јавност во земјава не се согласува целосно со тоа, бидејќи се вметна протокол со кој се негира македонскиот јазик и за преговорите се бараат критериуми кои не биле барани за другите држави кои се веќе членки.

„Преговарачката рамка без овој протокол може да претставува солидна платформа за тоа да се избоксува датумот за отпочнување на преговорите, што ќе рече, преговарачката рамка на извесен начин го формулира јазикот, бидејќи јазикот е секако најбитниот елемент на нашиот идентитет. Иако се дигна голема дебата и еуфорија, што е разбирливо бидејќи сите сме чувствителни на нашиот идентитет, особено кога некој настојува да го негира, сепак сметам дека треба да бидеме рационални и да оставиме оваа клучна недела којашто ќе биде за ова прашање да видиме каков ќе биде вистинскиот епилог. Доколку бугарската страна тврдоглаво инсистира на протоколот, мислам дека тука ќе бидат поминати црвените линии и затоа тоа не е прифатливо за наша страна“, изјави Нано Ружин, поранешен амбасадор.

„Република Македонија по ниту еден услов не смее да ги започне преговорите во оваа рамка, затоа што единствена рамка во сите останати земји коишто подоцна се приклучија во Европската Унија беа Копенхашките критериуми. Ние мора да инсистираме и за Република Македонија да бидат исти условите, во спротивно, поентата на пристапувањето кон Европската Унија ја губи својата смисла, бидејќи ова не е мотивирано од европски вредности, туку од тесни балкански вредности на една земја – членка којашто ја злоупотребува својата моќ“, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button