РЕГИОН

Епидемиологот Кон: Болниците во Србија се полнат, од 1 август можни нови мерки

пидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија се влошува и дека веќе почнало полнење на болниците, како и зголемување на бројот на новозаболени.

„Бројот на оние кои се во болници е се уште мал во споредба со некој период порано, но тоа ќе се промени и ќе почне полнењето на болниците. Всушност, тоа веќе започна. Не можеме да чекаме четирицифрени броеви со истите мерки што ги имаме сега“, изјави Кон за РТС.

Тој најави дека на 1 август, кога се очекува седница на Кризниот штаб за борба против короната, ситуацијата ќе биде поинаква и најверојатно ќе бидат донесени нови мерки.

Тој истакна дека мерките против короната сѐ уште се во сила и треба да се почитуваат, наведувајќи дека „искуството не значи ништо ако продолжиме да се однесуваме како да сме без искуство“.

„Ако не се вакцинираме, ќе мора да се бориме против овој вирус многу долго време. Невакцинацијата на младите ја продолжува директно оваа пандемија“, оцени Кон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button