СВЕТ

(ВИДЕО) Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори во Турција

По преброени 99,48% од гласовите, Ердоган води пред својот противкандидат со освоени 52,10% наспроти 47,90%

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој според досегашните изборни резултати најверојатно ќе освои уште еден претседателски мандат, прогласи победа во вториот круг од изборите во Турција.

Иако официјалните резултати од вториот круг на претседателските избори сè уште не се објавени, Ердоган вечерва им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button