СПОРТФУДБАЛ

Ердон Даци од Вестерло замина во Беверен

Македонскиот репрезентативец останува во Белгија, но во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Беверен. Неговиот досегашен клуб Вестерло се согласи на шестмесечна позајмица за офанзивецот.

„Даци ни се приклучува до крајот на сезоната како позајмен. Оваа сезона се покажа како важен играч за Вестерло со три гола во 13 натпревари. Верувам дека ќе биде големо засилување за нашиот тим“, заклучи спортскиот директор на Беверен, Том Ван ден Абиле.

Ердон Даци е дете на Вардар, од каде замина во Коњаспор, а од таму се пресели во Вестерло. Минатата сезона имаше сериозна повреда, но се врати, па дури доби и повик во националниот тим Благоја Милевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button